Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов во реакција на денешната аукција на државни хартии од вредност наведува дека Министерството за финансии наместо бараните 9,43 милиони евра, запишало 14,1 милион евра во државни хартии од вредност со повисока каматна стапка и оти сите 14,1 милион евра се нов нето долг.
Според Наумов, покачувањето на каматата на благајничките записи имало цел да биде алиби за зголемување на каматните стапки на државните хартии од вредност. – Станува јасно зошто и НБРМ ја покачи референтната каматна стапка. Во услови кога има минимално намалување на девизните резерви и речиси целосно смирување на шпекулативните движења на менувачкиот пазар, покачувањето на каматата на благајничките записи имаше за цел да биде само алиби за зголемувањето на каматните стапки на државните хартии од вредност, наведува Наумов во реакцијата.
Девизната клаузула кај 3-месечните записи, додава Наумов, имаше за цел само пролонгирање на нестабилноста на девизниот пазар.