СДСМ: Мицкоски беше советник на Никола Груевски, тој ги чинеше граѓаните два милиони денари

Од:

Наместо да честита за напредокот во реформите, за безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ и најпозитивниот извештај од Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ очајно тоне, реагира СДСМ.

„Од „заробена држава“ за само 2 години нашата земја е „светол пример“ за целиот регион. Нека учи ВМРО-ДПМНЕ како се сака  татковината и како се работи за нејзината иднина и иднината на граѓаните. Напредокот на земјава е аргумент со кој ВМРО-ДПМНЕ не може да се споредува.

Граѓаните знаат дека советник на Никола Груевски беше токму Христијан Мицкоски кој ги чинеше граѓаните над два милиони денари. И за овој ангажан, платен од граѓаните, Мицкоски лажеше, најпрво дека не бил, а потоа и дека не добивал надоместок како советник на Никола Груевски.

Додека Мицкоски го советуваше Груевски за енергетика, беше укината евтината дневна тарифа на струјата, цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто, а државата беше целосно зависна од увоз на скапа електрична енергија.

Во овој период Мицкоски добива и државно земјиште од Владата на Груевски за неговиот бизнис со хидроцентрали. Земјава беше заглавена во калта, презадолжена, изолирана, а граѓаните тонеа во сиромаштија додека Мицкоски си тераше бизнис.

Граѓаните, се уште ги чувствуваат последиците од советите на Мицкоски, еден од над 90 советници на Никола Груевски. За разлика од времето кога огромниот број, нивните имињата и надоместоците на советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев беа сокриени од граѓаните, денес јавноста е целосно запознаена со сите информации за советниците во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Сите ангажирани советници на премиерот се ставени во функција на реализација на програмските определби што се во интерес на граѓаните и ја движат државата напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО.“, е наведено во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања