„На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал министерот за финансии, Кирил Миноски, иако побаруваше 12.1 милион евра тој ги задолжи граѓаните со нови 18 милиони евра.
Јавниот долг заради ова темпо на задолжување ги надмина критичните 50% од БДП, граница која Меѓународниот Монетарен Фонд препорача да не се надминува.
Министерот за финансии јавно се обврза дека после секое ново задолжување ќе ја објавува состојбата на државните депозити. До сега ниту еднаш го нема сторено тоа.
Предупредуваме дека за сите злоупотреби направени со пари на граѓаните ќе има одговорност“, се вели во соопштението на Дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, во врска со аукцијата на државни хартии од вредност одржана денеска.