Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во соопштение до медиумите наведува дека денешната аукција на државни записи не е откажана, туку, како што посочува во наредниот период од седум дена до наредната предвидена аукција не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори.
– Во месец септември по основ на домашно задолжување долгови за враќање доспеваат на 7-ми, 21-ви и 29-ти, а предвидени се уште аукции за задолжување на 20-ти и на 27-ми септември. Долгот што доспеваше на 7-ми во месецот се врати со средствата од аукцијата одржана ден претходно, со која дополнително јавниот долг се зголеми за нови пет милиони евра, стои во реакцијата во која се додава дека се прави обид за манипулација со наводно намалување на домашно задолжувае кон нула.
Како што стои во соопштението, согласно официјалните податоци домашното задолжување заклучно со месец август изнесува повеќе од 79 милијарди денари.
Наумов смета дека вистински потег и грижа за стопанството и економијата е да не се одржат аукциите предвидени во календарот заклучно со 31 октомври 2016 година. На тој начин, посочува, долгот кон домашните кредитори ќе се намали за 114 милиони евра, средства што вистински ќе можат да се искористат за придвижување на македонската економија и подобрување на нејзината ликвидност.