Народна банка со препораки околу исплатата на парична помош за социјална и детска заштита

Од:

Народната банка апелира до корисниците на парична помош за социјална и детска заштита кои немаат дебитни картички, да поднесат барање за изработка на вакви картички со кои ќе бидат во можност парите да ги вадат и од банкоматите.

– На тој начин, од следниот месец, паричната помош од социјална/детска заштита ќе им биде достапна без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина, велат од Народна банка.

Препорачуваат при посетата на филијалите и експозитурите, корисниците на парична помош да ги реализираат и останатите банкарски услуги за кои сметаат дека е потребно нивно физичко присуство во банката со цел да не мора неколкукратно да ја посетуваат банката во краток период.

За оние корисници на парична помош кои имаат дебитни картички се предлага да ги користат можностите за безготовинско плаќање.

Дел од препораките на Народната банка се и да се носи задолжително заштитна маска на лицето, да се почитува растојанието од најмалку два метра и да се следат насоките за задолжителна дезинфекција на рацете при влез во објектите на банките.

– Во текот на претстојните денови, Народната банка ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје. Веруваме дека како и при готовинските исплати по групи во изминатите неколку недели, системскиот пристап, и при оваа исплата ќе ги даде очекуваните резултати, велат од Народна банка.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите