Народна банка: раст на депозитите и на кредитирањето во септември

Од:

Во септември годинава е регистриран раст на вкупните депозити во банките, како и на кредитирањето на граѓаните и на компаниите, соопшти Народната банка.

Вкупните депозити во септември бележат месечен раст од 0,7 отсто. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот „домаќинства“ со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор, велат од НБ.

На годишна основа, вкупните депозити забележаа зголемување од 6,1 отсто при раст на депозитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот „домаќинства“.

Месечен и годишен раст од 0,8 односно 7,3 проценти се бележи и кај кредитите. Растот произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, а поизразено е кај „домаќинствата“.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Годишен раст од 5,1 отсто на вкупната кредитна поддршка, од 8,7 отсто на вкупните депозити

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов