Народна банка: Намален понудениот износ на благајнички записи, ослободените средства за поддршка на економијата

Од:

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП) одлучи да се намали износот на благајничките записи кои банките можат да ги запишат кај централната банка, при задржување на основната каматна стапка на непроменето ниво. Согласно одученото, како што соопштува Народната банка, на аукцијата што ќе се одржи задутре понудата на благајничките запади ќе се намали за 8.000 милиони денари во однос на достасаниот износ и ќе се понудат 17.000 милиони денари по каматна стапка од 1,75 отсто.

-Средствата ослободени со намалената понуда кај благајничките записи се очекува да придонесат за натамошна поддршка на македонската економија преку одржување на кредитните текови и на кредитниот циклус од страна на банкарскиот систем. Ваквите мерки следуваат по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со коишто се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со што се ослободува дополнителна ликвидност и се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата. Обезбедувањето на дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот и мерките коишто се преземаат за негово сузбивање, наведуваат од централната банка.

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во два навратиаоваа година, на оваа седница е одлучено таа да се задржи на нивото од 1,75 отсто.

-Појавата на новата вирусна инфекција Ковид-19, како неочекуван надворешен шок, се очекува привремено неповолно да се одрази и врз глобалната и врз домашната економија. Во вакви околности, а во услови на солидни девизни резерви и ниска инфлација, монетарната политика на Народната банка од почетокот на годината го задржа прилагодливиот карактер, при што основната каматна стапка беше намалена за вкупно 0,5 процентни поени и се сведе на нивото од 1,75 отсто. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови, истакнуваат од Народната банка.

На седницата беа разгледани и движењата на меѓународните финансиски пазари, што се одликуваа со исклучително висока променливост и насоченост на инвеститорите кон безбедни вложувања. Забележан е изразен пад на цените на акциите со истовремено зголемување на цените на безбедните инструменти на историски највисоки нивоа. Валутниот пар евро/САД-долар има значително променливи движења, а падот на цената на нафтата продолжи, во услови на висока глобална понуда на овој енергент при намалување на побарувачката. Со цел да се поддржи економската активност во условите коишто се поврзани со вонредните мерки за справување со коронавирусот, заради кои на глобално ниво има прекин на синџирите на понуда, застој во трговијата и предизвици во функционирањето на повеќето економски дејности, централните банки на најголемите економии пристапија кон значително олабавување на монетарните политики, а владите кон зголемување на фискалниот поттик, стои во соопштението од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка