Намалување на невработеноста во ЕУ на 10,4 отсто

Од:

Стапката на невработеност во ЕУ се намалила на 10,4 отсто во април, наспроти 10,5 проценти во март, додека во еврозоната таа забележала пад до 11,7 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Според Евростат, бројот на невработените граѓани во ЕУ изнесувал 25,471 милион, од кои 18,751 милион се од земјите на еврозоната.

Најниска стапка е регистрирана во Австрија (4,9 отсто), Германија (5,2 процента) и Луксембург (6,1 отсто), а највисока во Грција (26,5 отсто во февруари) и Шпанија (25,1 процент).

Во споредба со минатата година, невработеноста се намалила во 18 земји-членки, во две останала непроменета, а во осум се зголемила.

Најголем пад е забележан во Унгарија (од 10,6 на 7,8 отсто), Португалија (од 17,3 на 14,6 проценти) и во Ирска (од 13,7 на 11,9 отсто). Најголемо зголемување на невработеноста пак има во Кипар (од 15,6 на 16,4 проценти) и Холандија (од 6,5 на 7,2 отсто).

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија