Намалена вредноста на откупените земјоделски производи

Од:

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во ноември 2014 година изнесува 704.527.000 денари што претставува намалување за 57 проценти во споредба со ноември 2013 година.

Според Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 75,9 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 3,9 проценти.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај индустриските, фуражните растенија, овошјето, грозјето, живината и јајцата, млекото и рибата, а зголемување има кај житата, зеленчукот, алкохолните пијалаци, добитокот и млечните производи.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика