Намален трговскиот дефицит на Португалија во 2012 година

Од:

Трговскиот дефицит на Португалија минатата година е намален за 34,8 проценти на 10,7 милијарди евра, благодарение на растот на извозот и намалувањето на увозот, покажуваат денеска објавените податоци на португалската канцеларија за статистика ИНЕ.

Извозот, кој стана единствен двигател на ослабената португалска економија, е зголемен минатата година за 5,8 отсто, на 45,3 милијарди евра.

Увозот на стоки и услуги, истовремено, е намален за 5,4 отсто на 56 милијарди евра.

Португалија, која се соочува со зголемен јавен долг, спроведе остри мерки за штедење во замена за добивањето спасувачки кредити од Евопската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Според проценките економијата на Португалија во 2012 година е намалена за три отсто, додека португалската централна банка за оваа година прогнозира продолжување на падот и тоа од 1,9 проценти.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски