Намален бројот на работниците во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3,5 %, објави Државниот завод за статистика.

Во декември лани, пак, во споредба со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 %.

Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6,0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2,5 %, Капитални производи за 4,3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,3 % и Интермедијарни производи, освен Енергија, за 1,8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4,0 %.

Би можело да ве интересира

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски

Намален бројот на работници во индустријата

Домашното рударство во слободен пад, додека глобалната трка по нови наоѓалишта се засилува

А1он

Црното предупредување на Макрон: Европската индустрија е во борба „за живот или смрт“

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава