Бројот на вработените лица во земјава во 2025 година биле 614 334, од кои 330 240 мажи, а 284 094 жени, објави Државниот завод за статистика.
Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0.1 %. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот Преработувачка индустрија за 5.2 %.
Од друга страна, пак, зголемување на бројот на вработените е забележано во секторите Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5.5 % и Административни и помошни услужни дејности за 3.3 %.
