Компанијата Макпетрол АД по повод јубилејот 70 години од своето постоење на своите лојални корисници ќе им приреди уште една наградна игра, која започна на 1 март и ќе трае се до 15 декември. Станува збор за јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“.
Денеска, во сервисно продажниот центар Хонда во Скопје, се одржа промотивна прес-конференција на која претставниците на компанијата ги објаснија правилата на наградната игра и дадоа свој осврт на постигнувањата на компанијата во изминатите 70 години, при што беше потенцирано дека наградната игра нема да биде единствената активност оваа година.
На настанот беа присутни голем број новинари, како и претставници на компанијата, а учество земаа Мишко Тасевски, раководител на сектор за маркетинг во Макпетрол и Љупчо Георгиевски, директор на дирекцијата за малопродажба.
„Веќе 70 години Макпетрол преку воведувањето на квалитетни нафтени деривати, усовршување на квалитетот на услугата, па се до созадавање на Верна програмата за лојалност перманентно се грижи за своите потрошувачи. Успеавме да изградиме компанија која со своите капацитети и можности ги достигна највисоките европски стандарди во сферата на промет со нафтени деривати.
Нашата решителност секогаш да обезбедиме квалитетна, сигурна и економична услуга, претставува гаранција дека Макпетрол и понатаму ќе биде водечка компанија на македонскиот пазар. Препознавајќи ја оваа заложба потрошувачите ни ја дадоа својата доверба, а ние во знак на благодарност ја воведовме ВЕРНА програмата за лојалност која ја наградува нивната доверба. По повод јубилејот 70 години Макпетрол, креиравме голема наградна игра која започна на 1 март и ќе трае се до 15 декември“ – изјави Тасевски.
„Првото Мастер коло се состои од 6 месечни кола, 2 Летни полуфинални кола и едно Летно финално коло. Второто Мастер коло се состои од 2 посебни кола: Есенско коло и Зимско коло и едно Новогодишно финално коло.
За лојалните корисници на Верна картичката за лојалност подаруваме многу вредни награди. Со секои впишани 10 поени на Верна картичката нашите корисници добиваат по една шанса за награда. Односно, колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка!
Секој месец подаруваме – 2 лаптопа Дел, 2 викенда за двајца во хотелот на Макпетрол во Струга, 10 ваучери за гуми, 20 ваучери за Лубекс моторни масла, 30 ваучери за Кристал Кар средство за стакла и 40 Верна поени во вредност од 1000 денари“ – додаде Тасевски.
Главни награди кои ќе бидат доделени во наградната игра се 2 скутера Хонда, веспа Хонда, чамец со приколка и вонбродски мотор Хонда, Хонда Џез, Хонда Сивик и исклучителната Хонда ЦРВ.
„Овие 70 години трпеливо, со многу внимание и посветеност се градеше бренд, компанија посветена на потребите и желбите на своите потрошувачи. Предизвиците беа големи но Макпетрол растеше заедно со нејзините корисници.
Денес, во склад со својата корпоративна стратегија, Макпетрол континуирано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди да им излезе во пресрет.
Како компанија која во своите бизнис програми секогаш ги става потребите на клинетите на врвот на приоритетите, постојано создаваме производи кои нудат значителни придобивки.
Покрај загарантираниот квалитет на горивата според најновите европски и меѓународни стандарди, секогаш ги применуваме и последните достигнувања во дистрибуцијата на нафтените деривати и секогаш на своите потрошувачи им нудиме паметни решенија кои ќе им го олеснат секојдневието“ – истакна Георгиевски.
„Задоволството на потрошувачите е број еден на листата на нашите цели па затоа ја воведовме ВЕРНА програмата за лојалност која е драгоцена за нашата Компанија. Таа ни овозможи одблиску да се запознаеме и да ги дознаеме желбите, потребите и навиките на нашите потрошувачи. Таа претставува алатка која не доближува до корисниците и ни го трасира патот во насока на унапредување на услугата и односот кон потрошувачите“ – додаде Георгиевски.
Наградната игра по повод 70-годишнината на Макпетрол нема да биде единствената активност оваа година. Како и во изминатите неколку години, продолжуваме со реализација на други интересни промоции на бензиските станици наменети за нашите потрошувачи, за кои членовите на ВЕРНА програмата за лојалност ќе бидат редовно известувани – истакнаа од компанијата.