Надминат проблемот меѓу земјоделците и водостопанствата во врска со субвенциите

Од:

Владата преку системско решение ќе го решава проблемот меѓу земјоделците и водостопанските претпријатија поради кој во изминатиот период земјоделците заради нерегулиран долг кон овие претпријатија беа оневозможени да ги добијат субвенциите за 2012 година.

Предвидено е по локалните избори да се направат измени на Законот за земјоделство и рурален развој со кои ќе им се овозможи на земјоделците да го подмират долгот кон водостопанските претрпијатија заклучно до 30 октомври годинава и да аплицираат за субвенциите за 2012 година, а потоа и за 2013 година. Од друга страна, Владата ќе одвои околу 320 милиони денари за модернизација и техничка опременост на водостопанските претпријатија така што  во иднина точно да се проценува на која земјоделска парцела колку вода е потрошена.

–  По завршувањето на локалните избори ќе се направат измени на Законот за земјоделство и рурален развој со кои ќе се предвиди дека по усвојувањето на измените во рок од 30 дена, земјоделците на кои не им биде дадени субвенциите за 2012 година поради неплатената водарина или пашарина, ќе треба да поднесат барање за регулирање на долгот кон водостопанските претпријатија и тој долг да го регулираат заклучно со 30 октомври годинава. Притоа ќе треба да аплицираат за субвенциите за 2012 и за 2013 година, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ваквото решение, како што појасни Ѓорѓиев, е донесено по низата претставки што во изминатиот период земјоделците ги доставиле до Владата со барање да се реши овој отворен проблем.

– На овој начин воспоставивме систем кој во идниот период ќе превенира определени предизвики кои ќе се јавуваат, а од друга страна им овозможивме на оние земјоделци кои имале оспорени пробарувања да ги добијат субвенциите од програмата за 2013 година и да аплицираат за нови субвенции, рече Ѓорѓиев.

Со ова понудено решение од страна на Владата ќе се реши проблемот на над 2.000 земјоделци низ целата држава.

Предвидена е и сериозна поддршка за индивидуалните земјоделци за искористување на бунарите што се наоѓаат на нивното подрачје. Предвидено е Владата да покрива 50 проценти од трошоците за воведувањето во работа на овие бунарски системи.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов