Над 300 претставки АЕК во првите девет месеци од годинава, најмногу за висина на сметки

Од:

Во првите девет месеци од годинава 332 претставки од страна на граѓаните биле доставени до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Во првото тромесечје имало 165 претставки, во второто – 79, а во третиот квартал – 88. Бројот на претставки годинава е помал од оној лани кога во истиот период во АЕК пристигнале 464 претставки.

Во овој период најмногу претставки имало за двата големи телекомуникациски оператори – Македонски телеком и А1. Од страна на корисниците на услугите на Македонски телеком во АЕК се пристигнати 180 поплаки, а за А1 имало 113. За Телекабел Роби имало вкупно 6 претставки, по 2 во секој квартал, за Неотел -3, исто толку и за Тотал ТВ, 2 биле за ИП Систем, а 25 претставки биле за останати даватели на телекомуникациски услуги, информираат од АЕК.

Граѓаните најмногу се жалеле за услугите во мобилната телефонија и тоа најмногу на оние кои се однесуваат на говорен мобилен за што во АЕК во овој период пристигнале 51 претставка. Со поплаки за мобилниот интернет до Агенцијата се обратиле 19 граѓани. Вкупно 30 претставки имало и за проблеми со преносливост на броевите, односно за можноста корисникот да се префрли од еден на друг оператор. Во деветте месеци имало и 7 претставки за услуги во роаминг и тоа 3 за говорен и 4 за интернет во роаминг. За фиксната телефонија, пак, имало 17 претставки- 6 за фиксна телефонија и 11 за фиксен интернет.

Најголем дел од поплаките на граѓаните се однесувале на висината на сметките, односно наплатени услуги кои граѓанинот смета дека не ги добил.

Од сите пристигнати приговори АЕК има усвоено (целосно или делумно) 55. Одбиени се 85, додека 48 се отфрлени поради ненавременост, ненадлежност и слични причини.

Агенцијата за електронски комуникации е втора инстанца во која се обраќаат граѓаните за проблемите со телекомуникациските оператори. Првично, тие законски се должни приговор да поднесат до опараторот кој има обврска да им одговори во рок од 15 дена. Доколку нивниот приговор опараторот го отфрли како неоснован, корисникот на услугите може да се обрати до АЕК со поднесување документација (приговорот до операторот, неговиот одговор и друго). Агенцијата за добиениот приговор од корисникот го информира операторот за кого се однесува преставката, кој во рок од 15 дена треба да достави одговор.

Решението кое низ утврдена постапка ќе го донесе Агенцијата е конечно, но операторот или граѓанинот има можност да го обжали во судска постапка.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК