На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Од:

Во периодот од 2012 до 2021 на малите хидроелектрани им биле платени 41 милион евра повеќе во однос на пазарната вредност поради користење на законски предвидливите повластени тарифи врз основа на договорите со важност од 20 години, констатирале ревизорите при направената ревизија за експлоатацијата на водните ресурси при производство на електрична енергија.

Од Државниот завод за ревизија денеска информираа дека постапките за доделување концесии за изградба на мали хидроелектрани се спроведени без направена оценка на влијанието врз животната средина, а поради слабости при планирањето и изборот на локации, не се склучени договори за концесија за околу 65 проценти од објавените локации.

– Слабостите при издавањето на дозволите и неефикасната контрола од страна на надлежните институции овозможиле во одредени периоди користење на вода и без обезбедена дозвола за водно право. Надлежното Министерство не располага со конкретни податоци за примените барања и издадените дозволи за водно право и не е обезбедена достапност на истите за инспекциските служби, се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите констатирале дека од малите хидроелектрани кои се повластени производители не се уплатени 22,8 милиони денари во Буџетот, што претставува 41 процент од вкупно пресметаниот надоместок.

Во извештајот се посочува дека Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање немаат доволно капацитети и меѓусебна координација за следење на концесиската дејност, а од друга страна Инспекторатот за животна средина нема доволно инспектори за да спроведе ефикасен инспекциски надзор над хидроелектраните.

Ревизорите посочуваат дека за дел од доделените локации има застој во постапката кој не може да препише како вина на концесионерот, а дел се опфатени во заштита на појас за национален парк поради што постои можност договорите да бидат раскинати што ќе има можни финансиски импликации врз Буџетот.

За надминување на сите констатирани состојби, ревизорите препорачуваат да се разгледа можноста за пазарно прилагодување на повластените тарифи, донесување на методологија за определување минимум прифатлив проток на водите и воспоставување на регистри на издадени дозволи и доделени концесии и целосна наплата на надоместоците.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

A1on

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

A1on

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

A1on

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

A1on