На Берзата прометот во пораст, доминантни домашните инвеститори

Од:

На Македонската берза од почетокот на годината е забележан раст на прометот. Како инвеститори доминираат домашните и физички и правни лица. Компаниите што котираат на Берзата забележале поголема добивка, особено предничат банките. Најголема загуба е забележана во индустријата.

Од Берзата посочуваат дека банките се главни носители на добивката. Во првиот квартал најголема добивка имаат Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје, кое според информациите од Берза е поврзано со случувањата во Фени.

Нето добивката на Стопанка во однос на првите три месеци од 2017 година е зголемена за 57,05 проценти, на НЛБ Банка за 69,06 проценти и на Комерцијална за 2377,78 проценти.

– Кварталот добро почна за котираните компании и оние кои имаат остварено загуба таа е преполовена во однос на лани, велат од Берзата.

Од котираните 101 компанија годинава добивка оствариле 67, а загуба 34 компании. Според сектори во банкарството шест имат добивка, две загуба, во градежништвото три добивка, една загуба, земјоделството три добивка две загуба, во индустријата 20 добивка 21 загуба, во осигурителниот сектор две компании имаат добивка и ниту една загуба, трговијата осум се со добивка и пет со загуба, во трговијата со нафтени деривати има по една и со добивка и со загуба, угостителството една има добвика и три загуба, кај услгуите по 10 компнаии имаат и добивка и загуба и во фармацевствата област две компании оствариле добивка, а ниту една загуба.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски телеком, Мермерен комбинат, Алкалоид, Охридска банка, Цементарница УСЈЕ, макпетрол и УНИ банка. Овие 10 компании оствариле нето добивка во првиот кварта од 4.329.587.000 денари.

Оние компании што имаат остварено добивка таа е поголема за една милијарда во споредба со лани.

Од Берзата потенцираат дека карактеристично е што на страната на инветиторите од почетокот на годината доминираат домашните инвеститори. Учеството на странските инвеститори во мај изнесува 0,66 проценти, а на домашните е 99,4 проценти.

Најинтересни, како што оценуваат од Берзата, се банките бидејќи работат добро, даваат дивиденда и се интересни за вложувачите.

Прометот во првите пет месеци во однос на то период лани е зголемен за 263 проценти при што кај акциите има зголемување за 39 проценти, на обврзниците за 180 и блок трансакциите за над 1.000 проценти.

Додаваат дека порастот на прометот е резултат на повисоките цени.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Московската берза повторно работи: Проблемот е предизвикан од софтверска грешка

Московската берза го прекина тргувањето

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Палестинци планирале да ја „заробат“ берзата во Лондон

Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

А1он