„Мудис“ прогнозира длабока и долготрајна рецесија во Кипар

Од:

Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ во својот извештај предвидува длабока и долготрајна рецесија во Кипар и ја задржува негативната прогноза за банките на островот, наведува весникот „Филелефтерос“.

Агенцијата очекува економската рецесија во Кипар годинава да достигне 12 отсто и идната година да се намали на 6,4 проценти. Се очекува рецесијата да изврши притисок на банкарските активи на островот.

Мудис оценува дека проблематичните кредити ќе достигнат над 35 проценти до крајот на годинава, како и дека банките ќе имаат потреба од дополнителен капитал.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар