Мудис го намали максималното ниво на кипарскиот долг

Од:

Меѓународната бонитетна агенција „Мудис“ доцна синоќа ја намали својата оценка за максималното ниво на кипарскиот домашен долг на ниво Цаа2, од Цаа3, поради опасноста земјата да излезе од еврозоната, пренесува ДПА.

Максималното ниво на кипарскиот кредитен долг „Мудис“ го одредува врз емитентот на кипарскиот домашен долг и го покажува ризикот на комапниите на територијата на земјата и инвеститорите кои работат со нив.

Агенцијата може идната недела да го промени кредитниот рејтинг на Кипар врз основа на промената на рејтингот на кипарскиот долг, се наведува во соопштението на „Мудис“.

Рејтингот на кипарските владини обврзници останува непроменет на нивото Цаа3, со негативна прогноза.

Ризикот од излез на Кипар од еврозоната останува „значаен“, но сепак засега не претставува централно сценарио на „Мудис“. Поради економските, проследени од преструктурирање на двете најголеми кипарски банки и воведувањето контрола на капиталот, сепак постои опасност од излез на земјата од еврозоната, наведува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар