МТСП: ВМРО-ДПМНЕ не предвиделе покачување на пензиите со Буџетот за 2017. година, средства се обезбедени со ребалансот

Од:

Министерството за труд и социјална политика со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за покачувањето на пензиите.

„Во врска со денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ, а со цел да се спречат понатамошни дезинформации кои се изнесуваат во јавноста околу покачувањето на пензиите, Министерството за труд и социјална политика известува дека:

Претходната влада, предводена од ВМРО ДПМНЕ, не предвидела никакво покачување на пензиите при донесувањето на Буџетот за 2017 година. Со донесување на ребалансот на Буџетот за 2017 година, од страна на актуелната влада, се обезбедија средства за усогласување и исплата на пензиите до крајот на 2017 година.

Лажни се наводите изнесени од страна на ВМРО ДПМНЕ дека во 2016 година пензионерите добиле усогласување од 7.500 денари, бидејќи со измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (во септември 2016 година) Владата на ВМРО ДПМНЕ воведе усогласување на пензиите во 2016 година само со исплата на ноемвриската пензија, која се исплати во декември. Значи, пензионерите во 2016 година добија еднократно 630 денари со ноемвриската пензија.

На пензионерите им било ускратено правото, според кое, како растат трошоците на живот, така да растат и пензиите. Ние го враќаме системското, праведно решение.

Усогласувањето на пензиите во 2017 година се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Имено, усогласувањето на пензијата се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во предходното полугодие во однос на полугодието кое му предходи.

Со оваа формула на усогласување на пензиите се обезбедува еднаквост на корисниците на пензијата бидејќи пензијата е лично право и се остварува од остварениот работен стаж и платите. Претходните решенија за усогласување на пензиите во номинален износ, односно за сите еднаков износ, е решение кое може да се примени во услови кога се остварува „државна пензија„ која се финансира од даноци и не зависи од работен стаж. Во услови кога пензискиот систем се основа на стаж на осигурување и остварени плати, усогласувањето на пензиите треба да биде на секоја индивидуална пензија.

Усогласувањето на пензиите од 1 јануари 2017 година изнесуваше 0,82%. Усогласувањето на пензиите од 1 јули 2017 година ќе изнесува околу 1%..

Владата на Република Македонија на крајот на годината ќе ја разгледа можноста да се изврши и дополнително зголемување на пензиите“ се вели во реакцијата на МТСП.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи