МТСП: Придонесите за членовите на вториот пензиски столб се исплаќаат без доцнење

Од:

На трета седница на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем членовите на Советот ги разгледаа податоците кои се однесуваат на распределбата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување на индивидуалните сметки на членовите во вториот пензиски столб при што констатираа дека од септември 2017 година средствата по овој основ без задоцнување се пренесуваат на личните сметки на 470.000 членови.

Оваа состојба е резултат на претходно преземени активности на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии за законско постапување на институциите (Фонд на ПИОМ и МАПАС) во однос на роковите за пренесување на средствата од придонесот на индивидуалните сметки на членовите во двете пензиски друштва.

На седницата членовите на Советот разгледаа Анализа на системска функционалност на интегрален пензиски систем и предизвици за повисоки комбинирани пензии. Анализата опфаќа пресек на актуелната формално-правна поставеност и системско функционирање на системот на двата пензиски столба, слабостите на постојниот пензиски систем, евидентирани системски проблеми поврзани со двата пензиски столба и предизвиците за кои ќе се предложат решенија на краток и среден рок.

Членовите на Советот ја усвоија Анализата како добра основа за дефинирање на предлог законски решенија за обезбедување на одржлив пензиски систем и стабилни пензии од двата пензиски столба.

Инаку, Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, кој беше формиран со одлука на Владата на Република Македонија на 19 јуни годинава е составен од осум члена: министерката за труд и социјална политика Мила Царовска-претседавач; проф. д-р Драган Тевдовски, министер за финансии; проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори; м-р Крешник Бектеши, министер за економија; Зорица Апостолска, министер без ресор задолжен за странски инвестиции; д-р Булент Дервиши, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување; Шаип Зенели, директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија; Весна Стојановска, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Давор Вукадиновиќ, генерален директор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски