Московиси: На Еврозоната и треба сопствен министер за финансии

Од:

За подобра координација на економската политика на државите од монетарната унија е неопходно да се формира одделна функција – министер за финансии на еврозоната.

Тоа го изјави денеска на економска конференција францускиот министер за финансии Пјер Московиси.

Тој нагласи дека „еврозоната треба да стане поотворена, за да не гледаме како 17-те министри се собираат на седници ноќе“. Московиси потсети дека во 2014 година ќе биде обновен составот на Европската комисија и според него таа можност треба да се искористи за спроведување реформи во раководните органи на Европската унија.

– Прашањето се состои во тоа дали тој министер треба да биде претседател на еврогрупата или треба да биде исто така европски комесар за економски прашања, наведе тој и рече дека ја претпочита втората варијанта. Според него, тоа би би создало „моќна синергија“.

Францускиот министер нагласи дека еврозоната треба да се здобие со сопствен буџет. Во говорот тој истакна дека би поддржал посебна комисија или комитет во ЕП кој ќе се занимава само со проблемите на еврозоната.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија