Моралес национализираше уште една шпанска компанија

Од:

Боливискиот претседател Ево Моралес го национализираше шпанскиот конгломерат кој води три главни боливиски аеродроми, и тоа е трета шпанска компанија која боливиската Влада ја национализираше во последните десет месеци.

Тоа наиде на гневен одговор на шпанското Министерство за надворешни работи кое соопшти дека е „многу разочарано“ поради тоа што немало предупредувања и „особено поради полициската окупација на канцеларијата“.

Министерството наведе дека ќе „ги разгледа целокупните односи со Боливија по овој „непријателски чин и други слични мерки“ кои левичарската Влада на Моралес неодамна ги презеде против шпанските компании.

Компанијата „Сабса“ управува со аеородромите во Ла Паз, Санта Круз и Кочабамба. Тоа е конголмерат на две компании – „Абертис Инфраструктурас СА“ од Барселона и шпанската агенција за аеродроми „Аена“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски