МојДДВ #МојаНаграда: Петнаесет граѓани добија по 100 илјади денари

Од:

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на февруари, соопшти денеска Министерството за финансии.

Љупчо Николовски, Живко Поповиќ, Тони Ристовски, Иван Митевски, Јово Костовски, Зоран Тушевски, Дејан Мијајловиќ, Мартина Анчевска, Наташа Станојковска, Имран Широки, Зорица Кочоски, Небојша Арсиќ, Ласте Петрински, Мица Пачковска и Елизабета Јовева се граѓаните кои беа извлечени во третото коло.

Добитниците се од Скопје, Прилеп, Штип, Тетово и Куманово.

Наградната игра стартуваше на 15 декември лани и ќе трае една година. За да учествува во наградната игра, лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено