ММФ подготвен да ја поддржи Србија

Од:

Меѓународниот монетарен фонд е подготвен да ја поддржи Србија преку финансиски аранжман или консултации, со цел да се намали долгот на среден рок, изјави Џејмс Роаф, претставник на ММФ за централна и источна Европа.

– Ние сме подготвени да ги поддржиме онака како што им одговара, истакна Роаф.

Тој додаде дека доколку Србија сака совет, ММФ ќе и го даде, а доколку сака финансиски аранжман и на тоа може да поработи.

Роаф истакна дека економскиот раст во регионот следната година би требало да биде повисок, но дека се уште постојат значителни ризици.

– Проценуваме дека речиси сите земји во регионот ќе имаат поголем раст следната година и тоа со помош на закрепнувањето во Западна Европа, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија