ММФ: Падот на цената на нафтата придонесува за растот на БДП во светот

Од:

Падот на цената на нафтата ќе придонесе за раст на Бруто домашниот производ во светот меѓу 0,3 и 0,7 отсто следната година, оценија економистите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Оливија Бланшар и Рабах Арезеки.

Тие проценуваат дека цената на нафтата, која од јуни падна за речиси 50 отсто, малку ќе поскапе, но оти и натаму ќе биде под новото на кое била изминатите неколку години.

Бланшар и Арезеки на блогот на сајтот на ММФ нагласуваат дека и побарувачката и понудата придонеле за драстичен пад на цената на нафтата, како и дека е неизвесно како тие фактори во иднина ќе се менуваат.

Увозниците на нафта, од кои најголемиот дел се во развиените земји, но и во земјите со забрзан стопански раст ќе имаат корист поради намалувањето на трошоците на горивото, додека извозниците ќе имаат помали приходи.

Ризиците за фискалната стабилност се зголемени, но и натаму се ограничени, оценуваат Бланшар Арезеки и додаваат дека големиот притисок врз домашните валути е забележан во неколку земји извознички на нафта како Русија, Нигерија и Венецуела.

За извозиците на нафта, кои немаат силни фискални правила, притисоците врз буџетот и валутата би можеле да бидат важни, што може да доведе до раст на инфлацијта и натамошна депрецијација на нивните валути.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски