ММФ одобри транша од една милијарда долари за Ирска

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри новата транша во вредност од една милијарда долари во рамките на програмата за спас на Ирска.

По колапсот на најголемите банки, кон крајот на 2010 година Ирска беше принудена да побара финансиска помош од европските партнери и од ММФ. Земјата доби пакет-помош за спас во вредност од 85 милијарди евра во замена за исклучително строги мерки за штедење.

Земјата претставува пример меѓу државите од еврозоната што добија финансиска помош. Таа си постави за цел да заврши со програмата за спас до крајот на годината. Сепак, економијата на земјата останува ранлива, а како доказ за тоа е повторното запаѓање  во рецесија кон крајот на месец јуни.

ММФ очекува ирската економија во вториот квартал да забележи пад од 1,2 проценти на годишно ниво, како резултата на намалувањето на извозот и на домашната побарувачка. Сепак, постојат индикации дека во втората половина од годината економијата ќе забележи раст.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста