ММФ ги поздрави напорите на Пекинг за стимулирање регионални инвестиции

Од:

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави дека забавувањето на економскиот раст на Кина е оправдан и дека Пекинг може да придонесе за глобалната благосостојба.

Лагард, исто така, ги поздрави напорите на Пекинг за стимулирање на инвестициите надвор од Кина, имајќи го во предвид создавањето на Азиска банка за инфраструктурни инвестиции, во која земјата има водечка улога.

Директорот на ММФ Кристин Лагард денеска се обрати на отворањето на форумот „Развојот на Кина“ во Пекинг.

При спроведувањето на политиката на „Нова норма“ во финансиите Кина прво ќе го поддржи економскиот раст, а потоа ќе стимулира структурни реформи, изјави денеска на форумот централниот банкар на Кина Чоу Сјаочуан, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Горан Наумовски

Кристин Лагард: ЕУ треба да биде подготвена за тарифна уцена во ерата на Трамп

Лагард: Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала максимумот

Лагард: Послабата куповна моќ на граѓаните може да ја забави инфлацијата во еврозоната

А1он

Лагард: Геополитичките тензии влијаат на перспективите на еврозоната

А1он

Лагард: Биткоинот треба да се регулира на глобално ниво

Жарко Настоски