ММФ: Франција треба да го забави ритамот на намалување на дефицитот

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот извештај посветен на ситуацијата во Франција оцени дека таа треба да го забави ритамот на намалување на јавниот дефицит и да ги забрза структурните реформи со цел да ја засили „економската реприза, која се уште е колеблива“, јави дописникот на МИА од Париз.

– До крајот на 2013 година, Владата ќе постигне две третитни од напорот започнат во 2011 за стабилизирање на дефицитит. Со оглед на се уште колебливата економска реприза, Владата треба да го забави ритамот на прилагодување, оцени ММФ во својот годишен извештај за француската економија.

Францускиот министер за економија Пјер Московиси во денешната реакција до печатот, тврди дека видувањата на ММФ се блиски со дијагнозата и анализата која ја прави француската Влада.

Тој понатаму тврди дека се согласува со потребата дека сега треба „да му се даде приоритет на економскиот раст“, што може да се направи преку разумен ритам на прилагодување на јавните финансии и со спроведување на амбициозни реформи во корист на борбата против невработеноста и компетитивноста.

ММФ предвидува дека Франција ќе ја заврши 2013 година со дефицит од 3,9 отсто од БДП, наспроти 4,8 отсто во 2012 година. Француската Влада официјално смета на дефицит од 3,7 проценти, но според министерот за економија дефицит може да биде повисок од предвиденото.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски