ММФ: Црна Гора, Бугарија и Кипар ќе бидат засегнати од санкциите против Русија

Од:

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот реферат за секундарните ефекти на светската економија до кои ќе доведат санкциите против Русија, ги издвои Црна Гора, Бугарија и Кипар.

Овие три земји се издвоени како мека за руските туристи, што е многу значаен фактор во економиите на Црна Гора, Бугарија и Кипар. Со порастот на курсот на рубљата и нестабилната економска ситуација, жителите на Русија веќе патуваат многу помалку во странство, што веќе го забележаа земјите од ЕУ, а посебно Чешка.

Капиталните вложувања од Русија надминуваат пет отсто од БДП во Белорусија, Бугарија, Молдавија и Црна Гора. Од Русија, исто така, зависат и финансиските центри на Кипар и Луксембург.

Доколку се појават проблеми со изградбата на „Јужен тек“ без инвестиции можат да останат земјите низ кои гасоводот треба да минува, а тоа се Бугарија, Унгарија и Србија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Земјотрес во Бугарија

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ