ММФ: БиХ постигна економски раст, но не ги оствари буџетските цели

Од:

Босна и Херцеговина во текот на оваа година постигна извесен економски раст, но властите не упсеаја да ги остварат буџетските цели и да го намалат дефицитот во државниот Буџет, оцени шефот на Мисијата на Меѓународниот монетраен фонд (ММФ) во Сараево, Рон ван Руден.

Руден, како што јави Хина, е на чело на тимот на ММФ кој треба да подогтви анализа за спроведувањето на мерките, кои БиХ се обврза да ги реализира со стендбај аранжманот склучен со Фондот во септември 2012 година.

Со аражамнот, ММФ на БиХ и одобри 385 милиони евра позајмици до 2014 година, во замена за спроведување на структурни реформи и ограничување на растот на државните трошоци.

Досега Фондот на БиХ и исплати 192,5 милиони евра, а ослободувањето на следната транша во износ од 48 милиони евра, ќе зависи од анализата за спорведените рефорни што ќе ја подготви тимот на Руден.

Руден посочи дека реформите напредуваат добро, за што како доказ ги посочи зголемувањето на извозот и растот на индустриското производство, но посочи дека севкупната економска состојба на БиХ не може да биде оценета како стабилна.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина