Јосифовски и партнерот го искористиле Макпетрол во офшор-компанија за да ги оштетат акционерите
Факт е дека Македонија во последниве години потроши многу пари на привлекување на странски инвеститори, бидејќи домашните од различни причини не покажале некој интерес да го прошират својот бизнис и да ја раздвижат економијата. Токму затоа, но и поради даночната политика, Балкан петролеум решиле да инвестираат во Македонија и да ја преземат нафтената компанија Макпетрол, пишува MKD.MK
„Во неколку наврати од Балкан петролеум, преку нивниот овластен полономошник во земјава, дузина од овие информации беа демантирани, но тоа не беше доволно да престене ’валканата’ кампања врз компанијата. Главниот фокус на негативната кампања е дека зад Балкан петролеум стои сомнителен капитал и дека зад него стои фирмата Даволиа холдинг, која била регистрирана во Кипар и дека сè што е поврзано со Балкан петролеум е сомнително и корумпирано, иако Балкан петролеум има обезбедено банкарска гаранција од најголемата приватна банка во светот, швајцарската, УБС“, велат од Балкан петролеум холдинг лимитед за МКД.МК
Во негативната кампања не биле поштедени ни Комисијата за хартии од вредност и Регулаторната комисија за енергетика и тие се под приситок и се оцрнува нивната работа, пишува порталот.
„Реалноста пак е сосема едноставна: двајца богаташи, се подготвени да ги инвестираат во Македонија со цел да купат компанија која не издава дивиденда веќе 6 години и има загуби во висина од 15 милиони евра плус кредитен долг и законски спорови, нешто што е легално и во што нема ништо спорно. Андреја Јосифовски користел оф-шор компанија за да ги оштети и манипулира акционерите на Макпетрол и самиот Макпетрол како правно лице?! Од сигурни извори добивме документи дека, Андреја Јосифовски, кој ја „бомбардира“ јавноста во медиумите со ’приказни’ за офшор компании и сомнителен капитал, заедно со Милан Сотивовски, во 1993 година, регистрирал офшор-компанија Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар користејќи го Макпетрол како еднаков партнер во оваа компанија (50% – 50%)“, пишува порталот.
Двајцата менаџери (Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски) ги користеле ресурсите на Макпетрол како финансиска алатка во кипарска офшор-зона (од 1993 до 2010 година Кипар е офшор-зона) за да направат профит за себе и да платат дел од него на Макпетрол. Ова го има и на ревидираните сметки. Јосифовски константно е на листата на најбогатите Македонци според Форбс, пишува МКД.МК
„Главното прашање е: Дали Макпетрол, Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски, ја формирале оваа компанија со еднакви основачки влогови, и дали делеле еднаков профит со акционерите на Макпетрол, или ова е сепак една класична малверзација каде парите од профитот се чисти пари на акционерите?! И за иронијата биде уште поголема, компанијата е лоцирана на адреса, која покажува дека истата е во ’комшии’ со Даволиа Холдинг (компанијата која постојано се спомнува на Телма ТВ). Ги делат две згради, и секретарот, Hive Management Services Limited, e компанија која издава канцеларии и услуги. Petroimpex (Overseas) Limited постоела 20 години, и е затворена во 2013 година, само 3 години по забраната на кипарската Влада за оф-шор компании. За оваа компанија не постои ниту еден податок во македонските државни институции, дека Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски ги регистрирале и пријавиле своите акции, според законот. Едно од највижните прашања е: Дали оваа компанија била алатка која се користела за ’испумпување’ на пари од Макпетрол?!“, велат од компанијата за порталот.
Истовремено, се поставува прашањето дали е возможно загубата од 15 милиони евра, за која тврдат дека ја прикажувала Макпетрол со години, да не е вистинска загуба, а и дали можеби сите одговори се кријат во Petroimpex (Oveseas) Limited? Со ова се апелирара до новинарски тимови да го истражат и овој случај.
Работата на Petroimpex (Overseas) Limited според истражувањето се карактиризира како „сомнителна не е единствената компанија каде што се појавува името Јосифовски. Mинатата година МВР поднесе кривични пријави против 21 лице поврзано со незаконско прелевање на капитал од Макпетрол во Оилко“.
„Кривични пријави беа поднесени не само против Андреја Јосифовски, кој беше првоосомничен во случајот во својство на претседател на Управниот одбор во Макпетрол и Комлементар и управител во командитното друштво Оилко, но и десет членови на Управниот одбор и осум членови на Надзорниот одбор истотака. Сите тие се товарат дека на акционерите им нанеле штета од 375.180.000 денари, притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во Макпетрол во износ од 19,95%, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари“, пишуваат медиумите.
Макпетрол почнал да работи со профит, а „по континуирано работење со загуби 7 години по ред, и само неколку месеци после овој скандал“. Јосифовски заработува милиони, велат од таму, а од друга страна сметаат дека не постои ниту еден доказ дека инвеститорите имале какви било криминални досиеја или се под каква било кривична истрага.
„Иако Макпетрол работел со загуби со години, Јосифовски сепак има менаџерски договор за лојалност кој му овозможува астрономска плата и покрај тоа што не ја води компанијата како што треба и не ги задоволува барањата и очекувањата на акционерите. Така, за минатата година според годишниот извештај на Макпетрол, објавен на Македонската берза, Јосифовски имал годишна плата и надоместоци од 9.335.162 денари и плус по основа на други надоместоци зел уште 52.904 денари. Зема годишна плата и од Оилко исто така. Според официјални податоци од компанијата минатата година од Оилко како Комплементар примил надомест од 1.320.000 денари, како и дивиденда од Оилко, која искалкулирана според процентуалното учество на неговите акции кои ги поседува (14.98%), изнесува 2.255.296 денари“.
Неговата плата се зголемила во 2014, што е спротивно на оперативната загуба на Макпетрол која се зголемувала. Односно, примил повисока плата за 100 илјади денари, споредено со 2013 година, пишува порталот.