Миноски и Богов до банките: Одврзeте го ќесето за компаниите

Од:

По завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност, министерот за финансии, Кирил Миноски, и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, ги повикаа банките да ги ослободат средствата и да инвестираат во корпоративниот сектор.

„Политичката криза имаше ефект кој резултираше со порестриктивна политика од страна на банките, па тие се воздржуваа од инвестиици во корпоративниот сектор. Ги повикуваме нашите банки да ги кредитираат компаниите бидејќи имаме стабилен финансиски пазар со ребалансот на буџетот и со издавањето на еврообврзницата“, рече министерот Миноски.

Еврообврзницата, посочи министерот, ја купиле инвеститори од Европска Унија и од САД и очекува парите да легнат на сметка наредните денови.

За гуверенот Богов банкарскиот систем преживеал реален стрес-тест изминатиот период и е високо отпорен на шокови.

На новинарски прашања во врска со еврообврзницата, министерот Миновски децидно одговори дека имаше потреба од нејзино издавање. Купена е од инвеститори главно од ЕУ и САД, а средствата, како што рече, се очекува да легнат во наредните денови. Парите ќе бидат употребени за буџетски потреби за 2016 и 2017 година.

„Нашата интенција е дефицитот да се покрие што е можно повеќе со извори на средства од меѓународниот финансиски капитал. Целта е да се остават повеќе средства кај банките во домашната економија, кои би ги искористиле за кредитирање зашто нашата основна цел е да го развиеме приватниот сектор. Ако имаме поразвиен приватен сектор значи имаме подобра даночна основа“, објасни министерот.

Според него, добра адреса за поставување на прашањата во врска со висината на каматната стапка за еврообврзницата е поранешниот дополнителен министер Кире Наумов. – Ако не беа писмата на опозицијата, каматната стапка ќе беше многу пониска, истакна Миновски.

За издавањето на еврообврзницата, гувернерот Богов рече дека за тоа одлучува Министерството за финансии. Тоа ги следи состојбите и ги планира задолжувањата.

„Народната банка и Министерството за финансии разговараат отворено за сите прашања, но Народната банка не е институција која може да го оценува тоа. НБРМ ја води монетарната политика и соодветно ја усогласува на фискалната политика“, прецизира Богов.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !