Министрите за финансии на еврозоната се договорија со Кипар за долгоочекуваниот спасувачки кредит

Од:

Министрите за финансии од еврозоната се договорија со Кипар за долгоочекуваниот спасувачки кредит, соопштија рано утринава дипломати, цитирани од ДПА, по повеќе од девет часа преговори во Брисел.

Кипар ќе добие спасувачки пакет од околу 10 милијарди евра, откако утринава склучи договор со меѓународните кредитори, изјавија дипломати.

Сумата е значително пониска од првично бараните 17,5 милијарди евра, забележаа агенциите.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во кипарскиот спасувачки план ќе учествува со милијарда евра.

Програмата за финансиска помош вклучува вонреден данок (што може да стигне до 9,9 проценти) врз банкарските депозити во кипарските банки, кај сметките поголеми од 100.000 евра.

Кипар во јуни минатата година побара финансиска помош од ЕУ и ММФ, за да ги спаси двете најголеми банки од финансиските тешкотии, што беа жртви на грчката криза.

Кредиторите, меѓутоа, не беа подготвени на земјата да и дадат 17,5 милијарди евра, стравувајќи дека Кипар нема да може да врати толку голема сума и долгот неодржливо ќе се развлече по доделувањето на помошта.

Меѓународните кредитори побараа гаранции дека островската држава ќе ги исполни обврските преземени во замена за доделните средства.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар