Министрите за енергетика на осум земји на ЕУ и ЕК ќе разговараат за „Јужен поток“

Од:

Заменик-претседателот на Европската комисија и еврокомесар за енергетски прашања Марош Шефчович за 9 декември закажа неформална средба во Брисел на министрите за енергетика на осум земји-членки на ЕУ на која ќе се разгледува ситуацијата по откажувањето на Русија од проектот „Јужен поток“.

– Заменик-претседателот Шефчович презеде иницијатива и предложи да биде разгледана ситуацијата од министрите за енергетика на осум земји-членки ЕУ, за кои „Јужен поток“ има важно значење, се наведува во соопштението од ЕК.

На средбата ќе учествуваат министерите задолежни за енергетика од Бугарија, Унгарија, Словенија, Австрија, Хрватска, Италија, Грција и Романија.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот