Министерството за финансии враќа 6,95 милијарди денари во стопанството

Од:

Министерството за финансии денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност.

Како што соопшти Министерството за финансии, вчера на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари (11,1 милиони евра) повеќе отколку што вчера беа повлечени. Според Министерството ова се свежи средства кои Владата ги става на располагање за да се  подобри ликвидноста на стопанството, односно средства кои банките може да ги пласираат како кредити на фирмите.

– Владата и Министерството остануваат посветени на зголемување на ликвидноста на домашниот пазар на капитал за бизнисот. Потсетуваме дека е предвидено Владата да обезбеди нови 100 милиони евра кредити по субвенционирана камата за малите и средни фирми од Европската инвестициска банка, како и нови 10 милиони евра кредити со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот. Со тоа на фирмите им се ставени на располагање скоро половина милијарда евра, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација