Министерот Сугаревски се сретна со претставници од КФВ банката

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска имаше работна средба со претставници од КФВ банката, на која станало збор за зголемување на соработка во рамки на проектот „Подобрување на водоснабдувањето во општините во Република Македонија “.

На денешниот состанок, Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во соопштението, обезбедило дополнителни 5 милиони евра грант неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Кавадарци и Гевгелија.

– Исто така се обезбедија 3 милиони евра, заем од КФВ банката за подобрување на водоснабдувањето во Кавадарци и Радовиш како и 4,5 милиони евра грант неповратни средства од програмата на СЕКО – Швајцарија за подобрување на водоснабдувањето во општина Гостивар, соопшти Министерството за транспорти врски.

Како резултат на соработката меѓу КФВ и Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во соопштението, обезбедени се вкупно 12,5 милиони евра од кои 9,5 милиони евра грант неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Радовиш, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија.

Во таа насока Министерството за транспорт и врски ќе продолжи со спроведување на мерки и политики во делот на комуналаната инфраструктура се со цел подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Република Макеоднија.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов