Минимизирање на граничните бариери, бараат стопанствениците

Од:

Нема ефект од инвестирањето во патиштата ако продолжи задржувањето на граничните премини, велат стопанствениците. Добрата инфраструктура можеби го крати времето на транспортот, но тоа двојно се губи поради долгото чекање на терминалите, непотребните комплицирани процедури, повеќекратните контроли и проверки.

Како што беше речено на денешната седница на управните одбори на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија, мора да се најдат начини за олеснување на трговијата и насоки за зголемување на протокот на стоки долж Коридорите 8 и 10.

– Македонија во моментов е како изолирана држава. За да дојде стока од Приштина до тука, се потребни пет до седум дена. Најпрво мора да се јавите во Царинската управа на Косово за подготовка на документите што трае цел ден, потоа царинењето трае уште еден, два дена и на крај целата постапка се повторува во Македонија, истакна Аце Антевски од „Раде Кончар“.

Според Иван Петровски од „Фершпед“, мора да се надмине проблемот со чекање на премините. Тоа не бара финансии, ниту кадровски зголемувања, туку само добра волја.

– Во време на активно инвестирање во инфраструктурни проекти, мора да се земе предвид непотребното задржување на граничните премини. Транзитот преку соседните джави е обремент од исти документи. Радиолошки проверки, на пример, се вршат и во Бугарија, и во Србија и во Македонија. Патиштата можеби го кратат времето за 20-на минути, но тоа двојно потоа се губи, поради ваквите непотребни контроли, нагласи Петровски.

Антони Пешев предложи коморите да се заложат за воведување систем на еднострани гранични контроли, наместо актуелната двојна проверка, од двете страни на границите.

Стопанствениците ќе иницираат формирање конзорциум од земјите низ кои минуваат коридорите 8 и 10 со цел поголем, непречен и брз проток на стоки, детектирање и решавање на кој било проблем при размената.

– Изградбата на коридорите 8 и 10 ќе трае, а нам ни требаат брзи решенија, предочи Пешев кој воедно укажа на потребата од рехабилитирање на патната инфраструктура до коридорите  за зголемување на мобилноста на работната сила, како и од доопремување на терминалните складишта поради немањето капацитет целосно да го преземат карго транспортот.

Да се прошири делот Велес – Скопје и да се обрне повеќе внимание на споредната инфраструктура долж коридорите, беа исто така дел од предлозите на коморите.

Би можело да ве интересира

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов