Волната добива на цена, се пофалија одгледувачите на овци. После дваесет години кога никој не ја откупуваше, последниве две години има интерес од страна на трговците. Годинава, трговци од Бугарија им ја платиле по 45. денари за килограм.
Според податоците од државниот завод за статистика, лани бројот на истрижени овци изнесувал 594.736, а просек по истрижена овца изнесувал 1,6 килограми. Или вкупно 975. тони.
Ова е единствената позитивна работа што им се случува на одгледувачите на овци кои се жалат на скапата добиточна храна, ниската цена на млекото и непланскиот откуп на јагнињата. Поради неисплатливоста на производството, сточарите секоја година го намалуваат стадото што се гледа и од статистичките податоци кои велат дека од 1. 200.000 грла колку што сме имале во 2006. година, бројот е намален на 600.000 овци денес.
Сето ова намалување на домашното производство на крајот ќе резултира со зависност од увоз и високи цени на млекото и месото за сите граѓани, велат сточарите.