Милтиадес Бабилис, прв човек на ЕДС: Ќе учествуваме на јавниот повик за универзален снабдувач со електрична енергија

Од:

Грчката компанија ЕДС (Енерџи деливери солушнс) ќе земе учество на јавниот повик што Владата го распиша за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за следните пет години.

Ова го потврди Милтиадес Бабилис, главен извршен директор на оваа компанија, зад која стои електроенергетскиот гигант ППЦ. Вели дека ЕДС го исполнува условот на јавниот повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар за работен капитал од 40 милиони евра.

– Во рамки на нашата стратегија за развој на компанијата и нејзино целосно интегрирање во секој сегмент од енергетскиот пазар донесовме деловна одлука да земеме учество во јавниот повик за избор на универзален снабдувач. Изминатиот период сериозно работевме и се подготвувавме за овој навистина значаен подвиг. Оценивме дека како компанија, како тим сме комплетно подготвени да одговориме на оваа одговорна улога во државата.

Очекуваме дека целата постапка за избор на нов универзален снабдувач за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде транспарентно спроведена, со почитување на начелата за фер конкуренција и дека ќе биде донесена одлука од која што најголема придобивка ќе имаат граѓаните. И токму она што е најголем интерес на граѓаните, го имавме ние како компанија предвид при подготовката за овој повик. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и со значително пониска маржа – изјави првиот човек на ЕДС.

Владата на 11 декември го објави јавниот повик за универзален снабдувач на струја за домаќинствата и малите потошувачи, а на пазарот, освен ЕВН Хоум, интерес пројавија и други компании од овој сектор.

Најсериозна конкуренција на овој повик доаѓа од ЕДС, зад која стои грчката ППЦ која има годишни приходи од близу 11 милијарди евра и има своите претставништва во повеќе земји низ југоисточна Европа.

Петгодишниот договор со ЕВН Хоум истекува следната година, а оваа компанија на 1 јули 2019 беше избрана за универзален енергетски снабдувач на струја, со понуда за маржа од 11,5 проценти.

Аналитичарите во енергетскиот сектор се согласни дека со зголемениот интерес за учество на повикот за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе се овозможи здрава конкуренција и намалување на маржата за снабдувачот, а тоа на крај би резултирало со пониски цени на електричната енергија за граѓаните.

Министерот за економија Крешник Бектеши веќе најави дека на новиот повик за универзален снабдувач за снабдување со електрична ќе се бараат помали профитни маржи од сегашната 11,5 проценти од компаниите што ќе конкурираат.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он