Михаил Кирков избран за претседател на Трговската комора при ССК

Од:

Михаил Кирков од компанијата „Мај принт“ е новиот претседател на Трговската комора при Сојузот на стопански комори (ССК), одлучија членовите на редовното годишно Собрание.

Кирков досега беше заменик претседател на Комората, а на новата функција доаѓа на местото на Зоран Неделковски. „Мај принт“ е членка на ССК од основањето на Комората.

– Како повеќегодишен член на Комората, свесен сум за големата одговорност и поддршка која ми ја дадоа колегите. Се надевам дека успешно и со засилено темпо ќе ја продолжам работата. Продолжуваме со работните состаноци со државните институции, нашите управни одбори, како и вмрежување на сегашните, но и на новите членки кои сакаат да станат дел од Трговската комора, вели Кирков.

Trgovska komora

Трговската комора е една од најактивните во ССК, функционира од 2004 година и брои над 180 реномирани компании членки од повеќе дејности. Им овозможува застапување, усогласување и заштита на заедничките интереси пред државните органи, подобрување на резултатите на работењето, обезбедување стручна помош, како и други деловни услуги.

Сите членки имаат можност еднакво да ги излагаат своите специфични интереси, во Комората, во однос на државата и во странство.

Во рамки на Трговската комора се основани три групации, на импортери на моторни возила, на импортери на мотоцикли и на импортери на товарни моторни возила.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Бранко Азески бара функционерите да штедат: Службените возила за викенд ви се по нивите и по швалерај

Орце Костов

Комора на приватно здравство: Висината на капитацискиот бод да се одредува според методологија

Сашо Дукоски е избран за нов претседател на Трговска комора

Ана Ололовска

Годишно изборно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

Ана Ололовска