Бранко Азески бара функционерите да штедат: Службените возила за викенд ви се по нивите и по швалерај

Од:

Да се подигне на највисоко ниво одговорноста на функционерите и административците, да се укинат управните одбори во институциите кои ги има вкупно 1 320 со 129 000 вработени и да се спречи нерегуларното користење на службените возила со воведување посебни регистарски ознаки, порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Тој подвлече дека извозот мора да стане врвен приоритет.

-Оваа економија без извоз не може да издржи. Да склучиме договор со државата за да се регулираат односите меѓу неа и приватниот сектор. Извозот мора да се дигне на пиедестал. Да се воведат посебни таблици за службените возила. Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалерај и не знам каде за недозволени активности. Ќе заштедите и тие пари ќе ги дадете за извоз.

Пари ќе се заштедат и со укинување на сите управни одбори во државните претпријатија, државни органи, заводи, институции, агенции кои во моментов се 1 320 институции со 129 000 врабтени, наместо политика да се направи економска дипломатија. Имам порака и до европските лидери кои ни наметнуваат решенија. Тие во пракса многу пати направија преседан на малите земји. Ние во нив гледаме надеж, но и преседани кои беа направени на штеа на малите земји во интрес на големите. Затоа, треба јасно да им порачаме, ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат, рече Азески.

Според него, еден од проблемите е и што не постои лојалност кон државата.

– Мене не ми треба премиерот да излегува по шест пати и да коментира работи кои не би коментирал ни заменикот на помошникот на потсекретарот на Министерството за локална самоуправа. Исто така, популизмот во економските политики, се е врзано со изборите кои најчесто се предвремени, а кампањите траат континуирано. Ние сме од 2006 континуирано во кампања, немаме одржано редовни избори. Се ова го дрма системот во основа и мора да го надминеме ако сакаме раст на извозот како краен производ кој ќе ни овозможи повисок стандард и вклучување во евроинтеграциите, нагласи претседателот на Комората.

Би можело да ве интересира

Стопанската комора сака средба со синдикатите за „недела неработен ден“

Азески: Развоен буџет немаме видено од 1992 година

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

Орце Костов

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов