Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Од:

Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не станува збор само за позајмица од М-НАВ.

– Не се само од МНАВ, таму имаме средства и од Лотарија, МЕПСО и сопствени средства на ЈПДП. Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите и истите тие средства во август ќе бидат вратени на компаниите – рече Мицкоски во одговор на новинарко прашање по увид на градежни активности на изградба на клучката Момин Поток.

Тој нагласи дека станува збор за постапка која и претходно била применувана.

– Се прави вообичаена процедура што многу пати во минатото се правела. Во август тие средства ќе бидат вратени и кај МНАВ, и кај Лотарија и кај МЕПСО“ – изјави премиерот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ