Мицкоски: Инфлацијата е два пати поголема од таа во еврозоната, цените растат, а се намалува вредноста на примањата ма граѓаните

Од:

„Јасна е кондицијата, во првата половина од годината растот на БДП е далеку од под проектираниот, ако беше проектиран 3, 3 и повеќе проценти, во првата половина е едвај еден и половина. Индустриското производство и веќе и во третиот квартал, на почетокот би рекол и крајот паѓа драматично со двоцифрена бројка. Говорам тука пред се за преработувачката индустрија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Ново Село во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски додаде дека буџетот на Македонија не се полни според проекциите на власта и параметрите се доста загрижувачки.

„Параметрите кои што ги има економијата во Македонија се загрижувачки, буџетот не се полни онака како што се предвидуваше. Падот е некаде 5, 6, 7 проценти“, појасни Мицкоски.

„Градоначалниците добија известување од министерството за финансии дека дотациите исто така ќе бидат намалени, а еднашка веќе беа намалени. Сега поради тоа што државата и луѓето одговорни да се грижат за функционирањето на државата не ги бива, сега треба повторно да ги казнуваме општините и да ги намалуваме дотациите“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Тој посочи дека инфлацијата во Македонија бележи рекорди.

„Инфлацијата бележи рекорди, два пати е поголема од таа во еврозоната. Основните прехранбени продукти се со двоцифрен број проценти поскапени споредено со истиот период минатата година“, истакна тој.

Мицкоски укажа дека економијата во Македонија е во една катастрофална состојба и она што може да се прокоментира како податок од страна на Бирото за статистика е фактот што примањата кај вработените се со вредност помала за пет проценти споредено со 2022 година. Значи цените растат, а реално вредноста на примањата се намалува без разлика што номинално има благо зголемување.

„Така што ценам дека се наоѓаме во една навистина терминална фаза, една многу лоша фаза како економија, и ако под итно не бидат преземени чекори кои што ќе значат стабилизација, јас се плашам и можеби во некој подевастирачки сценарија“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Катерина Ѓуровски