Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година

Од:

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во Јули оваа година порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година.

Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7% споредено со истиот месец минатата година. Кумулативно индустриското производство од почетокот на годината заклучно со месец Јули (во првите седум месеци од 2025 година) порасна за 3% споредено со истиот период минатата година, а преработувачката индустрија порасна за истиот период 4,5%. Целосно се менува структурата на македонската економија.

Факти:

расте бројот на туристи и бројот на ноќевања,

расте бруто-домашниот производ,

расте цената на откуп на земјоделските производи,

расте градежништвото,

расте трговијата итн…

Од земја во која криминалот и корупцијата беа секојдневие, а анти националната политика беше заштитен знак за владата, сега сме земја на економски раст, победи и стабилност. Чекор по чекор ќе направиме и многу повеќе. Нема откажување. Патриотска политика на дипломатијата со цел заштита на националните интереси.

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра