Министерството за финансии попладнево преку соопштение реагираше на денешните обвинувања од СДСМ дека со издавањето на еврообврзницата ќе се надмине износот од пет милијарди евра или 54 проценти од БДП.
Во реакцијата се посочува дека еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг (член 18, став 5) во кој се наведува дека државни хартии од вредност во име на државата издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Влада во која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку ДХВ.
– Владата има функционална надлежност, законско право и легитимност да ја донесе оваа одлука согласно Законот за влада и неговите последни измени во ноември 2015 гдина. Имено, член 43 од овој Закон предвидува состав на Влада која ќе организира парламентарни избори, додека членовите 44, 45 и 46 поблиску го уредуваат составот на Владата која ќе ги организира предвремените парламентари избори во 2016 година, со назначување на министри и дополнителни заменици министри во министерствата кои се во нив утврдени. Во моментот на донесувањето на одлуката, во РМ не се закажани предвремени парламентарни избори и времето на нивното одржување се уште е неизвесно, се наведува во реакцијата.