Меркосур го одби барањето на Зеленски виртуелно да се обрати на нивниот самит

Од:

Јужноамериканскиот економски блок Меркосур, во кој се Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува на самитот на шефовите на државите на групата што треба денеска да се одржи во Асунсион.

„Немаше консензус. Тоа беше пренесено на украинскиот амбасадор во Парагвај. Самиот министер за надворешни работи му го пренесе на дипломатскиот претставник“, рече Раул Кано, заменик-министер за надворешни работи на Парагвај, земја домаќин на состанокот.

Тој рече дека сите одлуки во економскиот блок се носат едногласно. Притоа не кажа која земја или земји не биоле за интервенција на украинскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина