Меркел задоволна од пакетот за помош за Кипар

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека е задоволна од постигнување на договорот, за помошта за Кипар.

-Многу сум среќна што синоќа беше пронајдено решение за Кипар, со што се избегна банкрот на државата, стои во соопштението на канцеларката, пренесува „Франс прес“.

Договорот претставува правилна распределба на товарот и барање од оние кои што допринесоа до развој на оваа несакана состојба, да преземат одговорност – порача Меркел.

Според неа и банките исто така треба да преземат одговорност.

-Поради тоа секогаш зборувавме дека не сакаме даночните обврзници да ги спасуваат банките, туку тие сами да се спасат – изјави таа.

Меркел додаде дека Кипар може да смета на европската солидарност, но и дека Никозија мора да преземе напори во областа на приватизацијата, реформите и зголемувањето на даночната стапка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар