Меркел и Кечијанг за ставање крај на „соларната војна“ меѓу ЕУ и Кина

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел и кинескиот премиер Ли Кечијанг се заложија за ставање крај на „соларната трговска војна“ меѓу ЕУ и Кина, изјавувајќи на заедничката прес-конференција дека двајцата се за слободна трговија.

Кога станува збор за увоз за технологија за соларна енергија, ЕУ сака да го оцарини евтиниот увоз од Кина, а кинеската страна веќе најави директни преговори со Брисел.

Освен тоа, ЕУ ја обвинува Кина дека нејзиниот пазар оди со дампинг цени кога се во прашање производите врзани за мобилната технологија. Кина тоа го негира.

Меркел истакна дека Германија ќе стори се што може за да спречи трговските спорови да ескалираат до тој степен ЕУ да и воведе на Кина казнени увозни такси. Кина, претходно се закани дека ќе преземе контрамерки.

Меркел и Кечијанг потпишаа серија деловни договори и истакнаа дека трговскиот спор меѓу ЕУ и Кина им нанесува штети на двете страни и оти од тоа ниту една не би имала корист.

Би можело да ве интересира

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви