Меркел и Драги согласни за потребата од реформите во ЕУ

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската централна банкa (ECB), Марио Драги се согласни во врска од потребните реформи во Европската унија, наведе германската влада во соопштението објавено во вторникот.

 Германската канцеларка, Ангела Меркел и првиот човек на Европската централна банка Марио Драги, се договорија дека на Европа и’ е потребна, на национален план и во рамките на Монетарната унија (еврозоната), расположеност на реформи, за да се постигне подобрата компетитивност, се наведува во соопштението објавено по состанокот на двајцата функционери, пренесува AFP.

Меркел и Драги се сретнаа во вторникот „поради размена на мислења”, потсети портпаролот на германската влада Штефан Зејберт во соопштението.

Главна тема на разговорите била воспоставувањето на европски надзор врз работењето на банките, како и подготовка на следниот самите на европските државници кој треба да се одржи во октомври, додал Зејберт.

Најголемиот број европски државници се согласуваат во врска со потребата од наднационален надзор врз банките, меѓутоа имаат различни ставови во поглед на банките коишто треба да бидат надгледувани. Така, Германија сака постепено да се напредува и надзор само над големите кредитни институции, меѓутоа Франција, Шпанија и некои други земји сакаат воспоставување надзор врз банките уште од почетокот на следната година.

Во говорот пред сојузот на германските индустријалци во Берлин, Марио Драги изјави дека „верува дека владите ќе се договорат за адекватна рамка за надзор врз банките”

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија